Измами за кражба на идентитет

Научете што е измама за кражба на идентитет, највообичаените облици на измами за кражба на идентитет и како да ги препознаете.

Што е измама за кражба на идентитет?

Кражба на идентитет (Phishing) е кога некој измамник праќа лажна порака што лични на легитимна порака (како на пример, е-пошта од некој пријател или од вашата банка). Измамата го лаже примачот и го тера да ги даде неговите лични податоци, што на измамникот му овозможува да пристапува до финансиските средства (finances) или личниот идентитет (personal identity) на жртвата.

Овие измами може да имаат различни облици, вклучително:

Како да препознаете измами за кражба на идентитет

1. Измами за кражба на идентитет преку говорен повик

  • Почнува со роботски повик што тврди дека е од вашата банка или давател на интернетски услуги
  • Вели дека се јавила измамничка активност или технички проблем
  • Еден вистински измамник се обидува да ве измами за да му овозможите пристап до вашиот компјутер и личните податоци.

2. Измами за кражба на идентитет преку текстуална порака

  • Почнува со текстуална порака на вашиот паметен телефон што тврди дека е од влада, банка, осигурителна компанија или слично
  • Ви бара да допрете на веб-врска за да го поправите проблемот со вашата сметка
  • Тоа ве носи на интернет-страница што изгледа легитимно, но во суштина им ги дава вашите лични податоци на измамниците
  • Наместо тоа, некои може да ви бараат да повикате некој телефонски број.

3. Измами за кражба на идентитет преку лажен веб

  • Измамниците дизајнираат интернет-страница што изгледа идентично со официјалната страница на банка, давател на интернетски услуги или некоја продавница
  • Локацијата ви ги бара вашите лични податоци, што измамникот потоа ќе ги украде.

Измамите со лажни интернет-страници користат веб-адреси со мали печатни грешки. На пример, наместо www.squirrelbank.com.au, тие може да користат www.squirelbank.com.

Може да биде тешко да разликувате кога некоја веб-адреса е лажна. Како и кога го проверувате адресите. треба исто така да внимавате на други предупредувачки знаци, како што се:

  • правописни/печатни грешки во текстот
  • барања за повикување броеви на мобилни телефони
  • барања да ги дадете вашите податоци за најавување на необичен начин.

4. Измами за кражба на идентитет преку лажна е-пошта

  • Измамниците дизајнираат е-пошта што изгледа како да се од легитимна компанија, институција или пријател
  • Тие вклучуваат врска до некој лажна интернет-страница или број што треба да го повикате, каде ќе разговарате со измамник.

5. Измами за кражба на идентитет преку настан на календар

  • Измамниците праќаат настан од календар што се додава автоматски како настан во вашиот календар
  • Кога ќе пристигне денот на настанот, ќе добиете известување што вклучува врска
  • Врската ве носи на лажна интернет-страница или инсталира злонамерен софтвер.
Интернет-прегледувачите на паметните телефони често не ја прикажуваат целосната веб-адреса (или УРЛ) на некоја локација. Ова им овозможува на измамниците за кражба на идентитет да направат некоја локација да изгледа легитимно, но има различна адреса. Не допирајте ниедна врска во текстуална порака.

Како да се заштитите себеси од измами за кражба на идентитет

Сите измами за кражба на идентитет се потпираат врз невнимателноста или природната љубопитност на жртвата. Секогаш помнете:

  • никогаш не кликнувајте на врски во неочекувани е-пораки или пораки од социјалните мрежи
  • никогаш не допирајте на врски во текстуална порака на мобилниот уред
  • институциите (банките, владите, комуналните услуги) никогаш не ви ја бараат лозинката во е-пошта или текстуална порака
  • бидете сомничави кога некоја е-пошта наместо текст има само слика
  • секогаш проверувајте ја адресата кога посетувате официјална интернет-страница.

Што да правите ако ве измамат

Премногу е лесно да бидете измамени и важно е да не се чувствувате засрамено, туку да делувате брзо за да ги заштитите вашите финансиски средства и идентитетот:

  • контактирајте со вашата финансиска институција за да ги измените лозинките или да ги откажете/издадете повторно кредитните или дебитните картички
  • изменете ги важните лозинки, како што е онаа на вашата главна адреса за е-пошта и лозинката што ја користите за да се најавите на компјутерот
  • посетете ја интернет-страницата на Австралиската служба за национален идентитет и кибер-поддршка (IDCARE) на www.idcare.org и кликнете на копчето Помош за индивидуални лица (Get Help for Individuals) или повикајте ја IDCARE на 1800 595 160
  • пријавете ја измамата кај Службата за следење измами на Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC's Scamwatch service) на www.scamwatch.gov.au/report-a-scam. Оваа интернет-страница вклучува образец што можете да го пополните и исто така дава врски и информации како да добиете помош